Македонско етнолошко друштво
Фестивал на етнолошкиот документарен филм
КРАТОВО 2018
Македонското етнолошко друштво ве поканува да земете учество на7 меѓународен фестивал на етнолошкиот документарен филм КРАТОВО 2018 што ќе се одржи од 5 до 7 октомври 2018 година во Кратово.
Фестивалот има за цел да ја промовира визуелната етнологја, да ги претстави различните начини на создавање на вој вид на филмови и да го поттикне дијалогот помеѓу авторите на филмовите и публиката.
Добородојдени се филмови создадени од етнолози, антрополози, професионални филмаџии и студенти на етнологија и антропологија.
На фестивалот може да се пријават филмови кои обработуваат етнолошки, антрополошки, теми, без разлика на нивното времетраење и годината на производство.
Пополнетата пријаваи филмовите испратете ги на следната адреса:
Македонско етнолошко друштво
Музеј на Македонија
Ул. Јосиф Михаиловиќ бр.7, 1000 Скопје
или преку интернет на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Крајниот рок за пријавување е 30 август 2018 година.
За авторите на прифатените филмови во официјалната програма на фестивалот ќе се обезбеди ноќевање и храна (појадок и ручек или вечера) за време на фестивалските денови.
Поздрав,
Владимир Боцев
Претседател на организациониот одбор на фестивалот
Информации на
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
МЕД е здружение на граѓани составено од професионални етнолози, кое има за цел да ја развива, негува и унапредува етнолошката дејност и наука, да презема активности за подигање на стручната подготовка на своите членови, како и остварување на други прашања од заеднички интерес.
Адреса:
Ќурчиска б.б. (Музеј на Македонија)
1000 Скопје, Република Македонија
Тел: +389(0)2-3116-044 локал 27
Факс: +389(0)2-3116-439
Моб: +389(0)75-288-528
Email: contact@med-mk.org