Македонско етнолошко друштво
Етносинеклуб е место, сцена на која може да се погледаат документарни филмови со етнолошка тематика. Главна цел на овој кино клуб е да го актуелизира и популаризира етнолошкиот документарен филм.
На оваа сцена се организираат проекции на етнолошки документарни филмови направени од студенти, етнолози, филмаџии и аматери. Етносине е сцена на која освен македонските автори се претставуваат и странски автори. На проекциите секогаш се настојува да биде присутен и авторот на филмот поради можноста за дискусија помеѓу него и публиката.
По проекциите организирани се расправа и дискусија на теми поврзани со визуелната етнологија-насоки на визуелната етнологија, тенденции, современи текови, трендови итн. Проекциите се одржуваат во киносалата на Музеј на Македонија во закажан термин со почеток од 19 часот.
Годишен план на проекции
Водител на клубот: Владимир Боцев
Членувањето во клубот е отворено за сите заинтересирани.