^
Макдеонски (МК)English (UK)
  • 1 Мариово
    Селска архитектура во Мариово, с. Кален. 1996 година.
  • 2 Враќње од нива.
    Село Зубовце, Кумановско, 1998 година.
  • 3 Зурлаџии
    Пред црквата „Свети Јован“ во селото Црешево, Скопско.
  • 4 На Илинден
    Село Павлешенце, Овче Поле, 2002 година.
  • 5 Транспорт на дрва
    Село Калаузлија, Радовишко, 1996 година.

Македонско етнолошко друштво

MEЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ „EТНОТУРИЗМОТ И ЕТНОЛОШКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“

На 12.09.2014 година, во организација на Македонското Етнолошко Друштво се одржа Меѓународен симпозиум на тема: „Етнотуризмот и етнолошкото културно наследство“. Тематае избрана од причини што во последно време се посветува нешто поголемо внимание на можностите на туристичките понуди од доменот на традиционалната култура. Со таа цел ја упативме и поканата за учество на овој научен собир до сите колеги етнолози во Македонија, но и на другите истражувачи на народната култура: етномузиколози, етнокореолози, фолклористи, социо-културни антрополози, историчари на културата, историчари на уметноста итн. Покани беа испратени и до наши колеги од странство, за да можеме да размениме разни мислења, ставови и искуства со состојбите на етнотуризмот и на етнолошкото културно наследство во нивните земји.

IMG 7571 IMG 7574

    IMG 7568     IMG 7578

 

Read more...

Популаризација на етнолошкото културно наследство

На 20 и 21 септември во Штип, во организација на МЕД се одржа Симпозиум со меѓународен карактер, на тема: "Популаризација на етнолошкото културно наследство". Од пријавените 65 реферати, на Симпозиумот беа презентирани 55 реферати, од кои 40 беа од домашни автори, а 15 беа од гости од странство, воглавно од Бугарија, но и од Србија, Хрватска и Украина. Презентираните реферати на Симпозиумот, согласно одлуката на Претседателството на Друштвото, ќе бидат публикувани во наредниот број на "Етнолог". Во рамките на Симпозиумот на истакнати членови на МЕД им беа доделени и заслужени награди.