^
Макдеонски (МК)English (UK)
  • 1 Мариово
    Селска архитектура во Мариово, с. Кален. 1996 година.
  • 2 Враќње од нива.
    Село Зубовце, Кумановско, 1998 година.
  • 3 Зурлаџии
    Пред црквата „Свети Јован“ во селото Црешево, Скопско.
  • 4 На Илинден
    Село Павлешенце, Овче Поле, 2002 година.
  • 5 Транспорт на дрва
    Село Калаузлија, Радовишко, 1996 година.

Македонско етнолошко друштво

“Краток потсетник“ од проф. д-р Милош Константинов

Извадоци

За потеклото на вселената, планетата и животот на неа

-ДЕЛ ПРВИ-

1.ПРАПОЧЕТОЦИ

Верувам дека...

...(1) прапочетоците на сите прапочетоци, од кои потекнува севкупниот познат и непознат свет,се наоѓаат во вселената,што постои од секогаш,а чии димензии немаат ни почетна ни завршна точка.
...(2) се она што не опкружува како планета, и припаѓа на вселената,без оглед на тоа дали нејзиниот дел е видлив или достапен на науката,или не.
...(3) во вселената ,според непишани правила,управуваат посебен вид на законитости како незаобиколни чинители.
...(4) видливиот дел на вселената, а бездруго и нејзиниот невидлив дел,не е статичен.Тие се менуваат постојано во зависност од густината на материите и брзината на нивната експанзија.
...(5) вселената е создадена и повремено се трансформира со постојаното оживотворување на фузии и фискални процеси предизвикани од разновидните хемиски елементи и физички реакции.

2.ЧЕКОР ПОБЛИЗУ ДО ПОЈАВАТА НА ОРГАНСКИОТ СВЕТ

Верувам дека...

...(1) Сонцето, од кое зависи целокупниот живот на органскиот свет,е само една од илјадниците милијарди ѕвезди што им припаѓаат на локалната галаксија позната под името Млечен пат.Тоа е оддалечено од неговата срцевина околу 33 илјади светлосни години.
...(2) Сонцето е создадено во една од гигантските вселенски експлозии,пред околу пет милијарди години.
...(3) екваторот на сонцето е поголем од соодветниот на земјата за 110 пати (и изнесува 1 390 180 км) иако тоа спаѓа меѓу џуџестите ѕвезди.Тоа се движи меѓу ѕвездите во својата галаксија со 20 км во секунда и тоа во правец на ѕвездата Вега.
...(4)Сонцето ротира околу својата оска за 34 дни на половите ,а за 24,6 деноноќија на екваторот.
...(5) сегашната температура на Сонцето изнесува околу 6000 степени.

3. ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Верувам дека ...

...(1) Земјата е создадена од материи откинати од Сонцето пред околу 3-5 милијарди години.Во тоа време таа представуваше вжарено тело.
...(2) по стинеењето на нејзините слоеви (што најмалку траеше околу 2 милијарди години) на земјата беа создадени услови за формирање на
а) атмосферата-воздушниот омотувач што е висок до 3 илјади километри-сметано заедно со тропосферата,стратосферата и високата атмосфера,
б)хидросферата-водениот омотувач и в) литосферата-цврстата кора чија дебелина изнесува до 70 км.
...(3) во внатрешноста на земјата (под нејзината кора) се наогја јадрото составено од два,еден во друг вградени,топчести слоеви.Саил-от или надворешниот од нив го обиколува слојот Сима ,во чиј центар (што се наоѓа на длабочина од околу 70 илјади км) температурата изнесува околу 4-5 илјади цел.степени.Познато е дека од површината на земјата кон нејзиниот центар (јадро), температурата се зголемува за 1 цел.степен на секои 33 метри.
...(4)Како резултата на милениумски долготрајни внатрешни процеси на земјата,т.е.на ендогените сили (вулкански ерупции и земјотресите со најразличен интензитет) и егзогамните сили (температурните колебања,атмосферските врнежи и др.) е и извршено набирање на копното и се создадени морињата и океаните.
...(5) Во последниве 3 милиони години земјината кора помина низ пет геолошки ери 1)архаик (што траеше 1,8 мил.год),2)езоик (што траеше 650 милиони години, 3)палеозоик (што траеше 368 мил.гсметано заедно со неговите 7 формации-камбериј,ердовициј,силур,девон,долни карбон,горни карбон и перм,4)мезозоик(што траеше 110 мил.години сметано заедно со неговите три формации-тријас,јура и креда и 5)кенозоик (што траеше 60 милиони години сметано со неговите две формации-терцијар и квартер.
...(6) Земјата ја менуваше својата литосфера и хидросфера во текот на милениумскиот развој .Денешната нејзина површина,како пета според својата големина во сончевиот систем,изнесува 510,6 милини км.-квадратни.Таа тежи 5.977 трилиони тони.Од сонцето е оддалечена најмалку 147,а најмногу 152 милиони км.
...(7) од вкупната површина на земјата на копното му припаѓаат денес 149,2 км(29,2 проценти) а на морињата и океаните 361,4 км-квадратни или (70,8 проценти)

 

-ДЕЛ ВТОРИ-

1.СОЗДАВАЊЕ НА ЖИВОТ

Верувам дека...

...(1) планетата земја беше без живи суштества,долго време по нејзиното создавање.
...(2)првите и наједноставни видови на живот се појавија кон крајот на архаикот ,што започна пред околу 3000 милиони години,а кој траеше 1800 милиони години
...(3)животот започна ,од една единствена –праточка- од која потекнуваат сите видови живи суштества од денешниот развиен растителен и животински свет
...(4)животот е форма во кој се манифестира суштествувањето и движењето на материите,што во соодветни услови се случува автоматски,т.е. сами од себе
...(5)во долготрајните и сложени хемиски процеси ивотот се развиваше и унапредуваше низ еволуцијата ,во чиј тек се трансформираше од една наједноставна во друга поразвиена состојба.
...(6)тие прапочетоци на метаморфозата беа предизвикани од хемиско-физичките реакции,што прво се појавија во абиогена фаза (кога неорганските се претвораа во органски материи)што понатаму се развиваа под влијание на бихемиските и биолошките промени до кои дојде во наредната биогена фаза.
...(7)најсуштинската карактеристика на животот претставува авторепродукцијата,како и нтеракцијата со надворешниот свет.
...(8)во интеракцијата на геномите со надворешната средина,практично започна еволуцијата на живиот свет,што доведе до појава на разновидна флора и фауна ,при што природната селекција одигра ненадоместлива улога.
...(9)животот сепак не е едноставен збир на молекулите(невидливите со голо око,супстанции што се составен дел на хемиските елементи,акои се изградени од атоми што предтавуваат најситни природни неделиви хемиски елементи составени од јадро-нуклеус и омотувач,а кои се меѓусебно различно наелектризирани),туку на нивната меѓусебна определена положба и интеракција.

2.ПОЈАВАТА НА ХОМОСАПИЕНСОТ

Верувам дека...

...(1) пред кенозоикот,т.е. геолошката ера во која се појави хомосапиенсот ,големи површини на планетата беа покриени со огромни ледени карпи .Тоа беше период на плеистоценот,по чие повлекување беа создадени географски,климатски и биолошки услови за забрзана еволуција на сите живи суштества.
...(2)од четирите познати ледени епохи,што траеја со илјадници и илјадници години,последната од нив имаше најголемо значење поради тоа што во неа беа создадени денешните географски и климатски услови ,односно беше создадено разместување на тундрите и шумите ,на тревните површини и влажните џунгли,а истовремено беа определени иправците на движење на плимата морските струи итн.Сето тоа земено заедно одигра крупна улога во натамошниот развој на целокупниот жив свет.
...(3)така во првата половина на кенозоикот дојде до силен подем на цицачите,од кои во миоценот ,најсилен развој доживеаја приматите.
...(4)во овој –златен- период на приматите,поточно во ваквиот природен амбиент,нивната еволуција придонесе(и тоа во најраната фаза) да зпочне поинакво користење на екстремитетите ,што во прво време им служеа за качување по дрвјата ,а подоцна за исправено одење
...(5)во текот на понатамошната еволуција од крилото на приматите започна издвојување на видот од чија средина поникна палеолитскиот човек.Во мезозоикот дојде до натамошен развој на мозокот што придонесе до понатамошно зголемување на лобницата-черепот,ашто беше проследено и со Соодветно поместување на очите на позициите што придонесоа гледањето да стане стереоскопско.
...(6)овие луѓе благодарејќи на замрзнатите површини на земјината кора ,слично како и други представници на флората и фауната,имаа можност за мигрирање на сите делови на тогашната екумена.Така целата планета беше населена со претставници на древните претци на современите луѓе,за што зборуваат непобитните сведоштва од палеоантропплошки,археолошки,етнолошки,лингвистички и др.вид на истражувања.
...(9)кај оваа најдревна популација ,што се одликуваше со единствени духовни и соматски карактеристики,започнаа да се јавуваат антрополошки разлики,под влијание на почвено-климатските и др. природни фактори .Така дојде до постепено формирање на човечките раси(што се појавија во доцниот плеистоцен и постплеистоцен)односно некаде пред 40-илјадата до 80-илјадата година.
...(10) практично-сонцето и студот,шумите и рамниците,влагата и сушата,надморската височина и географската широчина,начинот на исхрана,содржината на вода,разновидното наследство од подалечното минато и случајните движења на народите-сето тоа е обединето во тие илјадалетија,така што на единствената наша врста и дава различна висина и пропорции,структура на лицето и боја на кожата,различна боја и густина на косата,што сето го збогатува човечкиот род.Ни една др. врста,освен домашното куче,нема толку значајни форми,а сепак при тоа да стане една и единствена врста-.
...(11) врз основа на овие соматски разлики, антрополозите ги класифицираа луѓето во посебни раси на неколку начини.Според еден од поприфатливите од нив,сите луѓе се разврстени во следниве 6 раси-австралиска,бушманска ,кавкаска,монголска,негроидна и полинезиска(или пацифичка).Од нив расните системи на кавказоидите,монголоидите и негроидите беа големи и распространети на целата северна хемисфера.Другите спомнати раси беа значително помали и оттаму имаа третман на т.н. –расни џепови- а чии претставници беа распространети во јужна Африка ,во Австралија(и на островот Тасманија),па во Океанија (Меланезија,Микронезија и Полинезија),како и на крајниот југ на Азија или во нејзините најсеверни делови,од каде потекнуваат првите населеници на Америка ,т.е. Индијанците.
...(12) од пракултурата на палеолитските луѓе,па преку културата на оние што ги наследија во неолитскиот период и др. епохи што се надоврзуваа на него, човештвото постапно го раскопачуваше патот кон древните цивилизации,што му предходеа на современиот полетен развој во сите сфери на материјалната,општествената и духовната култура.

-Краток потсетник за потеклото на вселената,планетата и животот на неа-
Објавено во Етнолог бр.3 ,
Скопје,1993