^
Макдеонски (МК)English (UK)
  • 1 Мариово
    Селска архитектура во Мариово, с. Кален. 1996 година.
  • 2 Враќње од нива.
    Село Зубовце, Кумановско, 1998 година.
  • 3 Зурлаџии
    Пред црквата „Свети Јован“ во селото Црешево, Скопско.
  • 4 На Илинден
    Село Павлешенце, Овче Поле, 2002 година.
  • 5 Транспорт на дрва
    Село Калаузлија, Радовишко, 1996 година.

Македонско етнолошко друштво

Проекција на етнолошки документарни филмови од Р. Словенија

Во периодот од  23 – 24.07.2013 година во КЦ Магаза во Битола беше организирана проекција на документарни етнолошки филмови чиј автор е Јелка Пшајд, Етнолог виш кустос при „Помурски Музеј“  –  Мурска Собота, Р. Словенија.

Во рамките на овој настан беа презентирани вкупно пет етнолошки филмови и тоа:

$1          - Ме викаат „ременкаш“ – украсување на велигденски јајца(20 мин.);

$1          - Изработка на свадбени декорации – цвеќе од хартија (14 мин.);

$1          - „Телово“ – прослава на католички празник во село Богоина (21 мин.);

$1          - Изработка на свирчиња од керамика (8 мин.);

$1           - Печење на керамички садови (8 мин.).

Раководител на проектот беше м- р Стојанова Мери, Етнолог - виш кустос при НУ „Завод и Музеј“ – Битола, Р. Македонија.

Проектот беше финансиран од страна на Министерството за Култура на Р. Македонија, во рамките на Годишната Програма за култура 2013 год.