^
Макдеонски (МК)English (UK)
  • 1 Мариово
    Селска архитектура во Мариово, с. Кален. 1996 година.
  • 2 Враќње од нива.
    Село Зубовце, Кумановско, 1998 година.
  • 3 Зурлаџии
    Пред црквата „Свети Јован“ во селото Црешево, Скопско.
  • 4 На Илинден
    Село Павлешенце, Овче Поле, 2002 година.
  • 5 Транспорт на дрва
    Село Калаузлија, Радовишко, 1996 година.

Македонско етнолошко друштво

„Волшебни изработки од дрво“-Етнографски музеј, Белград, Р. Србија

Етнографскиот Музеј од Белград годинава беше домаќин на активностите кои претставуваат продолжение на проектот CRAFTATTRACT кој иницијално во 2007-2008 год. беше развиен како проект од страна на Музеите на Хрватско Загорје, нивните национални партнери како и партнерите од Р. Словенија, а во рамките на иницијативите на INTERREG IIIA, Програмата за соседство, кофинасирана од страна на ЕУ фондовите.

Главната цел на проектот беше промоција и зачувување на нематеријалното културно, наследство со посебен акцент на зачувувањето на старите занаети и вештини и интерсекторско поврзување на сите релевантни фактори.

Проектот CRAFTATTRACT во периодот по 2008 год., односно по неговото официјално завршување во рамките на погоре наведената програма,  ја обезбеди својата одржливост преку организирање на различни активности и со други партнери, а под покровителство и во организација на Форумот на словенски култури. Во овој период особено внимание се посвети на вмрежувањето и воспоставувањето на соработка на регионално ниво при што како партнери во активностите покрај Музеите од Хрватско Загорје се појавија и институции од Србија, Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија.

НУ „Завод и Музеј“ – Битола како еден од партнерите, во изминатиот период во повеќе наврати со своите активности значително допринесе кон промоцијата на македонското културно наследство и сосема разбирливо кон зацврстувањето на партнерскиот однос со сите вклучени партнери во проектот.

Етнографскиот Музеј од Белград кој оваа година беше организатор и домаќин на изложбата „Волшебни изработки од дрво“  како и на тркалезната маса насловена како „Улогата на традиционалните занаети во туристичкиот развој – можности и ризици“, ја продолжи иницијативата за регионален развој и ја потенцираше улогата на интерсекторската соработка во насока на зачувувањето на традиционалните занаети и вештини особено во доменот на туризмот како растечка економска дејност во светски рамки.

Изложбата „Волшебни изработки од дрво“  („Чаробне рукотворине од дрвета“) беше поствена во просториите на Етнографскиот музеј во Белград во периодот од  8ми до 20ти јули 2013 година.

Со оглед на фактот што на изложбата беше предвидено да се изложат предмети од дрво со мали димензии, за таа цел наменски беа изработени пет идентични копии со намалени димензии, на предмети – ковчези и касели, кои се дел од етнолошката збирка на НУ „Завод и Музеј“ – Битола.

Овие предмети беа изработени од страна на мајсторите и копаничари Ѓорѓи Јовевски, Јане Крстески и Злате Крстески следејќи го техничко-технолошкиот процес на изработка на традиционалните ковчези и касели и максимално идентично изведувајќи ги резбаните и металните, апликативни декоративни форми.

Идејата за изработката на ваквите предмети како и квалитетот на нивната изработка наидоа на позитивен одзив помеѓу колегите и воопшто помеѓу присутните на изложбата, што претствува еден дополнителен импулс да се продолжи со изнаоѓање на соодветни начини и форми за правилно представување на нашето традиционално културно наследство.

Предметите кои беа изработени како своевидни сувенири, заедно со уште четири постери на оригинални ковчези и касели кои се дел од изложбата „Невестински соништа“, чиј заеднички автор е м-р Стојанова Мери, етнолог - виш кустос, како и два постери наменски изработени од страна на организаторот како кратко претставување на секоја од земјите учеснички, беа изложени во рамките на оваа регионална изложба.

Во каталогот кој беше изработен за оваа изложба беа поместени стручни текстови на авторите – учесници на изложбата. Трудовите беа во согласност со темата на изложбата и изложените експонати и се однесуваа на занаетчиски дејности и/или вештини чии производи се изработуваат од дрво. 

Во рамките на излагањата и дискусиите на тркалезната маса „Улогата на традиционалните занаети во туристичкиот развој – можности и ризици“, активно учество зедоа и претставниците на НУ „Завод и музеј“ – Битола, Директорот Лиљана Христова и м-р Стојанова Мери, етнолог - виш кустос.

Учеството и соработката во вакви и слични проекти и активности е од исклучително значење не само во поглед на размената на искуства и унапредувањето на соработката помеѓу партнерите туку и во делот на промоција на нашето традиционално културно наследство и вештини, во пошироки регионални и меѓународни рамки.  

м-р Мери Стојанова

Етнолог, виш кустос

НУ „Завод и музеј“ - Битола