^
Макдеонски (МК)English (UK)
  • 1 Мариово
    Селска архитектура во Мариово, с. Кален. 1996 година.
  • 2 Враќње од нива.
    Село Зубовце, Кумановско, 1998 година.
  • 3 Зурлаџии
    Пред црквата „Свети Јован“ во селото Црешево, Скопско.
  • 4 На Илинден
    Село Павлешенце, Овче Поле, 2002 година.
  • 5 Транспорт на дрва
    Село Калаузлија, Радовишко, 1996 година.

Македонско етнолошко друштво

Гостување во Р Полска

На покана на Институтот за словенска филологија при Универзитетот „Адам Мицкиевич“ од Познањ, а во организација на м-р Звонко Димоски и д-р Јоана Реинкас, во периодот од 13 - 20. мај 2013 год. на Институтот гостуваше м-р Мери Стојанова, етнолог, виш кустос од НУ „Завод и музеј“ - Битола.

Од 15 - 20. јули 2013 год. во холот на Институтот за словенска филофогија беше поставена изложба на фотографии од ковчези и касели насловена како „Невестински соништа“ чиј автор е м-р М. Стојанова. Презентираните предмети се дел од етнолошката збирка на НУ „Завод  музеј“ - Битола. Изложбата веше придружена со двојазичен, македонско-англиски каталог.

во рамките на својата посета м-р Мери Стојанова одржа две предавања пред студентите од овој Институт. Првото предавање беше на тема „Занаетчиството во Битола“ со посебен осврт нс техничко-технолошките процеси и карактеристики на изработка на ковчезите и каселите, нивната функција, застареност и сл. Предавањата беа на македонски и англиски јазик, придружени со Power Point презентации што придонесе за подобра визуелна презентација на материјалот.