^
Макдеонски (МК)English (UK)
  • 1 Мариово
    Селска архитектура во Мариово, с. Кален. 1996 година.
  • 2 Враќње од нива.
    Село Зубовце, Кумановско, 1998 година.
  • 3 Зурлаџии
    Пред црквата „Свети Јован“ во селото Црешево, Скопско.
  • 4 На Илинден
    Село Павлешенце, Овче Поле, 2002 година.
  • 5 Транспорт на дрва
    Село Калаузлија, Радовишко, 1996 година.

Македонско етнолошко друштво

На 14.06.2013 година во свечената сала на Музејот на македонската борба во Скопје беше промовирана книгата „Народната носија во Овче Поле“ од авторот магистер Владимир Јаневски, професор на Одделот за етнокореологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Монографијата излезе во издание на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип, за за нејзиното значење зборуваа Зоран Читкуштев, директор на оваа национална установа и д-р Мирјана Мирчевска, вонреден професор на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ-УКИМ, Скопје. Во своето обраќање професорката Мирчевска се осврна на структурната поставеност и содржинската издржаност на претставениот труд.

„Во услови на патријархален живот носијата била носител на локално и регионално обележје, но и социјален обединител на конкретна општествена заедница. Како таква таа е знак за препознавање на определена група, формирајќи традиција која го поврзува поединецот со неговото село, селскиот или пределскиот колектив.

Базирана врз рецентни теренски истражувања, како и надруги достапни извори (наративни и пишувани) тематската монографија НАРОДНАТА НОСИЈА ВО ОВЧЕ ПОЛЕ обработува дефицитарна тема и проблематика од аспект и наистражуваниот простор. Овчеполската народна носија досега не била предмет на вака опсежно истражување.

Тематската монографија од авторот м-р Владимир Јаневски, теориско-методолошки е конципирана во осум поглавија:

  1. Етнографски карактеристики на пределот Овче Поле
  2. Основни карактеристики на носијата во Овче Поле
  3. Машка носија
  4. Женска носија
  5. Чешлање
  6. Невестинска носија
  7. Детска носија
  8. Заклучок

Ваквата концепција е надополнета со список на Користена литература, Список на информатори како и соодветен Терминолошки речник присутен во пределот.

Во однос на основните карактеристики овчеполската носија претставува форма на облековна култура врз која се напластиле разни културни влијанија, но доминантно е турско-ориенталното влијание, манифестирано преку специфичните ткаенини од ориентален вид т.н. алаџа и кенарно платно. Женските кошули се со зачуван старобалкански или старословенски крој со што припаѓаат на динарскиот тип на облеки. Карактеристика на женската овчеполската носија е одсуството на вез, но од друга страна присуството на тантели наречени сорки, цуцки и ои, како дел од ориенталното културно влијание. Во овчеполието машката носија зачувала многу постари и архаични облеки кои се надоврзуваат на стари културни елементи карактеристични за старите Словени.

Освен пишуваниот дел, монографијата содржи и визуелен материјал – фотографии, кои потекнуваат од првата половина на минатиот век, но и нови, кои дополнително го збогатуваат делото, истовремено внесувајки и длабоко   чувство на припадност кон семејната и селската локална заедница, кон засебниот културен идентитет на овчеполци.“

Промоцијата на книгата беше збогатена со презентација на делови и комплетни оригинални носии од Овче Поле, како и настап на женска и машка пејачка група кои изведоа неколку изворни песни од овој крај.

 

IMG 5367IMG 5370IMG 5372IMG 5373

Придружете ни се

 

 

 

XI Меѓународен фестивал на етнолошки документарни филмови "Кратово 2022" е поддржан од Амбасата на Израел во Загреб, Република Хрватска

 Emblem_of_Israel.svg.png          

XI International Festival of Ethnological Documentary Films "Kratovo 2022" is supported by the Embassy of Israel in Zagreb, Republic of Croatia