^
Макдеонски (МК)English (UK)
  • 1 Мариово
    Селска архитектура во Мариово, с. Кален. 1996 година.
  • 2 Враќње од нива.
    Село Зубовце, Кумановско, 1998 година.
  • 3 Зурлаџии
    Пред црквата „Свети Јован“ во селото Црешево, Скопско.
  • 4 На Илинден
    Село Павлешенце, Овче Поле, 2002 година.
  • 5 Транспорт на дрва
    Село Калаузлија, Радовишко, 1996 година.

Македонско етнолошко друштво

I Меѓународна студентска антрополошка работилница

Членовите на Македонското студенско етнолошко друштво ја организира и успешно ја реализираа првата меѓународна антрополошка студенска работилница на тема „Скопје, испишување на минатото и сегашноста“. Работилницата се одржа од 4 до 10 март, 2014 год. а учестуваа петнаесетина студенти од Македонија, Хрватска и Словенија. Во првиот дел од работилницата учесниците проследија предавања од професорите Мирјана Мирчевска и Љупчо Ристески од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, Никос Чаусидис од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Фабио Матиоли од Њујоршкиот колеџ Џон Џеј од САД. Во вториот дел од работилницата, учесниците поделени во групи направија план за сопствени мини-истражувања кои ги спроведоа на неколку локации во градов. Теренското истражување пофаќаше фотографирање на објекти, и разговори со вработени во неколку институции и со минувачи. Во попладневните часови, во просториите на Институтот за етнологија и антропологија беше консултирана соодветна литература и се изработуваа презентациите на избраните теми: Скопје, фото-нарацији: минато-сегашност; Македонски народен театар: политики на вкусови; Камен мост: фокус на градот, симболика на комуникација? и Нарације о трансформацији мјеста и простора. Исто така беше изработена и веб страница на работилницата. Последниот ден, учесниците ги изложија резултатите од своите истражувања проследени со power point презентаци и дискусии, по што добија сертификати за учество. Енергијата и антузијазмот на организаторите ја покажа подготвеноста на студентите за истражување на современите случувања, а резултираше со нови сознанија и пријателства, размена на искуствата со колегите од другите институти и поттик за организирање на следна ваква работилница, но и на слични настани.

     

 

   

Промоција на изданија од проектот „Културното наследство на нашите претци - духовен столб на нашата заедничка иднина“

На 26 февруари 2014 год. во салата на Градскиот Музеј на Крива Паланка беа промовирани печатените изданија од реализираните активности на проектот „Културното наследство на нашите претци - духовен столб на нашата заедничка европска иднина“. Проектот е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка, CCI No 2007CB16IPO007-2011-2-39 помеѓу Република Бугарија и Република Македонија. За значењето и реализацијата на Проектот зборуваше Драган Величковски, директор на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка, а промотор на изданијата беше д-р Љупчо Ристески, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, Скопје.

                

Публикацијата „По патот на легендите“ содржи преданија и легенди за важни случувања, за добивањето на имиња на некои населени места и локалитети, за изградбата на цркви како и анегдоти и верувања на населението во чудата поврзани со нив.   

Во публикацијата „Културно-историските споменици во прекуграничниот регион Крива Паланка – Ќустендил“ се претставени примери на културно историски споменици од овој регион, со посебен осврт на црквите во Кривопаланечко. Двете изданија содржат богат илустративен материјал, а текстот е напоредно на македонски и англиски јазик.

Исто така беше претставен и вториот број на „Славишки зборник“ кој е самостојно издание на Музејот на Крива Паланка, а содржи текстови од областа на археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста.

Во изложбениот простор на Музејот е поставена и изложба на фотографии на Ѓорги Костовски кои се однесуваат на реализираните активности од наведениот проект.

 

„За Петровден сите на планина“

На 13 јули 2013 година, на Пониква се одржа четвртото издание на меѓународнот фестивал на влашки фолклор „За Петровден сите на палнина“. Поради финансиски потешкотии повеќето од поканетите друштва од странство го откажаа своето учество. Во првиот дел од фестивалот се претставија аматерски групи од Македонија (Скопје и Штип) и Албанија (Круја), кои го негуваат влашкиот музички фолклор, а во вториот дел настапија млади изведувачи на авторски пени создадени во поп-рок стилот. Фестивалот се одржа во организација на Фолклорното друштво „Грамостеањ“ од Скопје, а финансиски беше поддржан од повеќе спонзори, како и од Здружението на стопанственици од Македонија – „Мандра“.

IMG 5529

 

 

IMG 5532

 

IMG 5537

 

IMG 5545

Годишен концерт на насоката за традиционална музика и игра при МБУЦ „Илија Николовски - Луј“

Секоја година во текот на месец јуни љубителите на фолклорот со нетрпение го очекуваат годишниот концерт на учениците од насоката за традиционална музика и игра при Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ од Скопје. Оваа година тој се одржа на 22 јуни под наслов „... И ние сме деца...“. Тематскиот концертот беше посветен на традиционалната музичка култура на Македонците од Егејска Македонија и Долна Преспа, Албанија. Беа презентирани извадоци од документарниот филм Сениорите на Грчката демократија, теренски аудио снимки и беа изведени песни и игри од Меглен, Леринско, Костурско, Воденско и Долна Преспа. Автентичните носии и кореографијата го комплетираа силниот емотивен впечаток што учениците од сите четири години успешно го пренесоа врз публиката во преполната сала  Македонската опера и балет. 

 

Јавна трибина

"Македонците со исламска вероисповед - помеѓу националната и религиската припадност"

На 15-ти февруари 2011 година, на иницијатива на Сојузот на Македонците со исламска религија и на МЕД, а во организација на Институтот за национална историја, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Институтот за македонска литература, Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, Институтот за старословенска култура и Македонското етнолошко друштво, се одржа Јавна трибина на тема: "Македонците со исламска вероисповед - помеѓу националната и религиската припадност". На Јавната трибина којашто се одржа во преполниот амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" во Скопје, учествуваа и неколку членови на МЕД, а со воведно излагање настапи и проф. д-р Мирјана Мирчевска, раководител на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ и воедно член на Претседателството на МЕД.