^
Макдеонски (МК)English (UK)
  • 1 Мариово
    Селска архитектура во Мариово, с. Кален. 1996 година.
  • 2 Враќње од нива.
    Село Зубовце, Кумановско, 1998 година.
  • 3 Зурлаџии
    Пред црквата „Свети Јован“ во селото Црешево, Скопско.
  • 4 На Илинден
    Село Павлешенце, Овче Поле, 2002 година.
  • 5 Транспорт на дрва
    Село Калаузлија, Радовишко, 1996 година.

Македонско етнолошко друштво

Проектни активности

Во 2010 година Македонското етнолошко друштво реализираше неколку Проекти, финансирани од Министерството за култура, согласно Годишната програма на Министерството за финансирање на проекти од национален интерес во културата во 2010 год.

  1. Од печат излезе списанието на МЕД, "Етнолог" бр. 12-13, во кој беа публикувани 18 научни статии и неколку стручни прилози, прикази и поводи.

  2. Во Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, Р. Бугарија, на 4-ти мај беа прикажани четири документарни етнолошки филмови од исто толку автори. Пред присутните посетители беа прикажани филмовите: "Таму некаде горе во планината" на Анита Ѓорѓиоска, "Пишање на невестата" на Владимир Јаневски, "Единството на етно-диверзитетот" на Рубин Земон и "Бабарот што враќа кусур" на Владимир Боцев. Исто така, во рамките на вечерта посветена на македонскиот етнолошки филм беа прикажани и кратките филмувани записи "Училишен час на отворено", снимен од браќата Манаки и "Битола 1900 - 2007" на Наде Геневска Брачиќ.

  3. На 20 и 21 септември во Штип, во организација на МЕД се одржа Симпозиум со меѓународен карактер, на тема: "Популаризација на етнолошкото културно наследство". Од пријавените 65 реферати, на Симпозиумот беа презентирани 55 реферати, од кои 40 беа од домашни автори, а 15 беа од гости од странство, воглавно од Бугарија, но и од Србија, Хрватска и Украина. Презентираните реферати на Симпозиумот, согласно одлуката на Претседателството на Друштвото, ќе бидат публикувани во наредниот број на "Етнолог". Во рамките на Симпозиумот на истакнати членови на МЕД им беа доделени и заслужени награди.

За 2011 година Македонското етнолошко друштво согласно Годишната програма на Министерството за финансирање на проекти од национален интерес во културата во 2011 год., треба да го реализира проектот: "Етнолошкото културно наследство на Македонците преселени од егејскиот дел на Македонија во Република Македонија".