Македонско етнолошко друштво
На покана на Институтот за словенска филологија при Универзитетот „Адам Мицкиевич“ од Познањ, а во организација на м-р Звонко Димоски и д-р Јоана Реинкас, во периодот од 13 - 20. мај 2013 год. на Институтот гостуваше м-р Мери Стојанова, етнолог, виш кустос од НУ „Завод и музеј“ - Битола.
Од 15 - 20. јули 2013 год. во холот на Институтот за словенска филофогија беше поставена изложба на фотографии од ковчези и касели насловена како „Невестински соништа“ чиј автор е м-р М. Стојанова. Презентираните предмети се дел од етнолошката збирка на НУ „Завод музеј“ - Битола. Изложбата веше придружена со двојазичен, македонско-англиски каталог.
во рамките на својата посета м-р Мери Стојанова одржа две предавања пред студентите од овој Институт. Првото предавање беше на тема „Занаетчиството во Битола“ со посебен осврт нс техничко-технолошките процеси и карактеристики на изработка на ковчезите и каселите, нивната функција, застареност и сл. Предавањата беа на македонски и англиски јазик, придружени со Power Point презентации што придонесе за подобра визуелна презентација на материјалот.