Македонско етнолошко друштво
Потенцијалниот член треба да пополни пристапна изјава (Пристапница) со која доброволно се зачленува во МЕД. Пристапната изјава треба да ги содржи основните податоци: име и презиме, датум на раѓање, адреса, статус (вработен, невработен, студент), работно место и институција (доколку е вработен) и кратка биографија (CV) за ангажираноста на професионален план како етнолог (евентуални објавени трудови, поставени изложби, членување во други асоцијации и сл.), датум на поднесувањето на барањето за зачленување и своерачен потпис.
Согласно член 12, алинеја 4 од Статутот, секој член на МЕД е должен редовно да ја плаќа членарината. Годишната членарина за 2011 година изнесува 500 денари, а може да се плаќа и на две рати. Студентите и невработените членови се ослободени од плаќањето членарина.
Жиро-сметката на Македонското етнолошко друштво е: 300000001276168, Комерцијална банка А.Д. Скопје.