Македонско етнолошко друштво
Потенцијалниот член треба да пополни пристапна изјава (Пристапница) со која доброволно се зачленува во МЕД. Пристапната изјава треба да ги содржи основните податоци: име и презиме, датум на раѓање, адреса, статус (вработен, невработен, студент), работно место и институција (доколку е вработен) и кратка биографија (CV) за ангажираноста на професионален план како етнолог (евентуални објавени трудови, поставени изложби, членување во други асоцијации и сл.), датум на поднесувањето на барањето за зачленување и своерачен потпис.
СПИСОК НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ТЕЛАТА НА МАКЕДОНСКОТО ЕТНОЛОШKO ДРУШТВО
Претседател на МЕД: Проф. д-р Зоранчо Малинов
Секретар на МЕД: М-р Владимир Боцев
ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ И ТЕЛА НА ДРУШТВОТО
(член 1 од Статутот на МЕД)
Македонското етнолошко друштво е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните и професионалните етнолози, кое има за цел да ја развива, негува и унапредува етнолошката дејност и наука, да презема активности за подигање на стручната подготовка на своите членови, како и остварување на други прашања од заеднички интерес.
На 19.09.1975 година Огранокот на Етнолошкото друштво на Југославија за Македонија, на својата седница на Собранието, изврши реорганизација на тој Огранок - според можностите на новиот Закон за општествените организации и донесе Одлука за формирање на Здружение на Етнолозите на СР Македонија,а усвои и Статут на Здружението.