^
Макдеонски (МК)English (UK)
  • 1 Мариово
    Селска архитектура во Мариово, с. Кален. 1996 година.
  • 2 Враќње од нива.
    Село Зубовце, Кумановско, 1998 година.
  • 3 Зурлаџии
    Пред црквата „Свети Јован“ во селото Црешево, Скопско.
  • 4 На Илинден
    Село Павлешенце, Овче Поле, 2002 година.
  • 5 Транспорт на дрва
    Село Калаузлија, Радовишко, 1996 година.

Македонско етнолошко друштво

Статут

ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ И ТЕЛА НА ДРУШТВОТО

(член 1 од Статутот на МЕД)

Македонското етнолошко друштво е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните и професионалните етнолози, кое има за цел да ја развива, негува и унапредува етнолошката дејност и наука, да презема активности за подигање на стручната подготовка на своите членови, како и остварување на други прашања од заеднички интерес.

(член 5 од Статутот)

Заради остварување на општествените, научните и стручните цели и задачи, Друштвото, преку своите членови непосредно е поврзано со соодветните структури на установите од етнолошката дејност, а соработува и со Министерството за култура и Министерството за образование и наука, како и со сите кои професионално се занимаваат со етнологија, пројавуваат интерес кон етнологијата или директно ја помагаат нејзината работа.

(член 7 од Статутот)

Друштвото ја поттикнува и координира активноста на своите членови заради остварување на заедничките цели и задачи во согласност со Уставот, Законот за здруженијата на граѓани и фондации и другите прописи.

Во остварувањето на целите и задачите од став 1 на овој член, Друштвото ги насочува активностите особено кон:
- обединување на етнолозите во Република Македонија, кои активно се занимаваат со етнолошката наука и љубителите на етнологијата;
- следење и унапредување на теоретските, методолошките и други прашања од областа на етнологијата и давање на мислења и предлози за нејзино унапредување;
- организирање стручни и научни собири и симпозиуми;
- помагање во стручното издигање на своите членови;
- популаризирање на етнолошката наука;
- соработка со етнолозите и асоцијациите на етнолозите од балканските, прибалканските и другите земји во Европа и пошироко;
- поттикнување на собирање и чување на вредности од етнолошки карактер и снимање на етнолошки филмови;
- печатење на резултатите од етнолошките истражувања во стручни публикации, односно издавање на списанието "Етнолог";
- доделување награди и признанија за посебни заслуги во работата на остварувањето на задачите и целите на Друштвото.

(член 9 од Статутот)

Друштвото дејствува, особено во следниве правци:
- ги следи, проучува и анализира прашањата од етнолошката дејност и предлага мерки за нејзино унапредување, заштита на етнолошкото богатство, иницира отворање на етнолошки музеи;
- покренува иницијатива за нормативно унапредување на прашања од етнологијата со закони, прописи, општествени договори или меѓусебни спогодби;
- покренува иницијативи и се јавуива како носител на определен и материјали за расправа во органите и телата на Собранието на Република Македонија, во ресорните министерства и во Владата на Р. Македонија;
- се јавува како организатор, односно соорганизатор со другите организации и заедници за организирање на активности во врска со унапредување на програми и акции по прашања од заеднички интерес.

(член 10 од Статутот)

Зачленување во Друштвото се остварува со потпишување на пристапна изјава (Пристапница) и воведување во регистерот на членовите.

Со зачленувањето членот го прифаќа Статутот на Друштвото.

Член на Македонското етнолошко друштво може да биде секој етнолог кој професионално врши работи од областа на етнологијата, граѓанин на Република Македонија, студенти по етнологија, како и љубители на етнологијата кои пројавуваат интерес кон етнологијата и ја помагаат етнолошката дејност.

(член 11 од Статутот)

Членството во Друштвото е доброволно, а може да биде редовно и почесно.

Почесни членови можат да бидат еминентни стручњаци кои дале особен придонес во развојот на етнологијата, за што расправа Собранието на предлог и писмено образложение на Претседателството.

(член 12 од Статутот)

Право и обврска на секој член на Друштвото е:
- да избира и да биде избран во органите и телата на Друштвото;
- да покренува иницијативи и да дава предлози за расправа во Друштвото по определени прашања и да учествува во одлучувањето по нив;
- да се заложува за остварување на програмските цели и задачи на Друштвото, како и за ставовите и заклучоците донесени од органите и телата на Друштвото;
- редовно да ја плаќа членарината.

(член 14 од Статутот)

Органи на Друштвото се:
1. Собрание;
2. Претседателство;
3. Надзорен одбор.

(член 15 од Статутот)

За разгледување и проучување на определени прашања и давање стручни мислења, Собранието и Претседателството можат да образуваат постојани и повремени работни тела (одбори, комисии, групи).

(член 16 од Статутот)

Собранието е највисок орган на Друштвото. Собранието го сочинуваат сите членови на Друштвото. Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

(член 17 од Статутот)

Собранието работи според деловникот.

Собранието ги врши следните работи:
- донесува Статут на Друштвото, односно врши измени и дополнувања на Статутот;
- избира Претседател на Друштвото;
- избира членови на Претседателството на Друштвото;
- избира членови на Надзорниот одбор на Друштвото;
- избира членови на Редакцискиот одбор на публикациите на Друштвото;
- донесува едногодишна или повеќегодишна програма за работа;
- донесува финансов план и ја усвојува завршната сметка за материјално-финансиското работење;
- формира постојани и повремени работни тела и го утврдува нивниот број и задачи;
- расправа по прашања од работата на Друштвото;
- расправа по други прашања кои ги покренува самостојно или по иницијатива на други организации и заедници;
- ја поттикнува и развива научно-истражувачката дејност во областа на етнологијата;
- ја поттикнува и развива издавачката и публицистичката дејност;
- ги разгледува и усвојува извештаите на Претседателството и Надзорниот одбор.

(член 18 од Статутот)

Седниците на Собранието ги свикува Претседателството.

Претседателството е должно да свика седница кога тоа ќе го побара најмалку една третина од членовите на Собранието.

Доколку Претседателството во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница на Собранието, седницата ја свикува Надзорниот одбор или иницијаторите.

(член 19 од Статутот)

Собранието одлучува на седници, а може полноважно да одлучува доколку на седницата присуствуваат мнозинството на членовите на Собранието.

Собранието одлучува со мнозинство на гласови од присутните членови.

(член 20 од Статутот)

Претседателот на Друштвото истовремено е и Претседател на Собранието.

Претседателот го претставува и застапува Друштвото

(член 21 од Статутот)

Претседателството е колективен извршен орган на Собранието.

Претседателството го сочинуваат 9 членови.

(член 24 од Статутот)

Претседателството од редот на своите членови избира секретар.

Мандатот на Секретарот трае четири години.

(член 28 од Статутот)

За својата работа Претседателството поднесува извештај до Собранието најмалку еднаш годишно и за својата работа е одговорно пред Собранието.

(член 29 од Статутот)

Во случај на отсуство на Претседателот, со седницата на Претседателството раководи Секретарот или еден од членовите на Претседателството што тоа ќе го определи.

(член 30 од Статутот)

Претседателот на Друштвото ги има следните права и обврски:
- го застапува и претставува Друштвото;
- оперативно се грижи за извршувањето на донесените одлуки.

За својата работа тој одговара пред Надзорниот одбор и Собранието на Друштвото.

(член 31 од Статутот)

Надзорниот одбор врши контрола врз материјално-финансиското работење на Друштвото, за тоа дали правилно се спроведуваат одлуките донесени од Собранието и Претседателството, статутарните одредби, за што поднесува извештај пред Собранието.

Надзорниот одбор се избира од редот на членовите на Собранието и брои 5 члена.

Mандатот на членовите на надзорниот одбор трае 4 години.

(член 34 од Статутот)

За извршување на целите и задачите, Друштвото средствата ги обезбедува од следните извори:
1. Членарина од членовите на Друштвото;
2. Средства од Министерството за култура и Министерството за образование за образование и наука, како и од други органи и тела на Владата за поддршка на невладини организации;
3. Од продажба на "Етнолог" и другите публикации на Друштвото;
4. Спонзорства;
5. Подароци;
6. Донации;
7. Други извори.

(член 43 од Статутот)

Македонското етнолошко друштво е правен следбеник на целокупниот имот на досегашното Здружение на етнолозите на Република Македонија.

Придружете ни се

 

 

 

XI Меѓународен фестивал на етнолошки документарни филмови "Кратово 2022" е поддржан од Амбасата на Израел во Загреб, Република Хрватска

 Emblem_of_Israel.svg.png          

XI International Festival of Ethnological Documentary Films "Kratovo 2022" is supported by the Embassy of Israel in Zagreb, Republic of Croatia