Македонско етнолошко друштво
На 19.09.1975 година Огранокот на Етнолошкото друштво на Југославија за Македонија, на својата седница на Собранието, изврши реорганизација на тој Огранок - според можностите на новиот Закон за општествените организации и донесе Одлука за формирање на Здружение на Етнолозите на СР Македонија,а усвои и Статут на Здружението.
Здружението на етнолозите на СР Македонија беше организатор и домаќин на 14-тиот Конгрес на сојузот на етнолошките друштва на Југославија, кој беше последен Конгрес на југословенската асоцијација и се одржа 25-28 септември 1991 во Струга. Поради отпочнатиот процес на на распаѓање на југословенската заедница, а напоредно со тоа и на СЕДЈ како југословенска асоцијација, а која издаваше свое научно списание, претседателството на ЗЕМ на својата седница одржана на 18.02.1992 год. Донесе одлука за издавање на списанието Етнолог како самостојно списание на Здружението на етнолозите на Македонија, а на годишното собрание одржано на 18.03.1993 год. нашето здружение се ослободи од идеолошкото обележје во името.